Македонија

Ново меѓуврсничко насилство

04.07.2026 16:57

Полицискиот билтен повторно го полнат случаи на насилство меѓу малолетници. Две деца се повредени со остар предмет, едно лице е приведено поради закани, а пријавен е и нов напад во Драчево …

12-годишник избоден со нож, приведен осомничен за закани на Бит Пазар.

Министерството за внатрешни работи информира за повеќе одделни случаи на насилство во Скопје, во кои се инволвирани малолетници, а во два од нив бил употребен и остар предмет.

Од ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ – Скопје било пријавено дека кај нив со повреди нанесени со остар предмет бил донесен 12-годишник од Скопје. Според информациите, повредите му ги нанел друг малолетник на подрачјето на Шуто Оризари.

Подоцна, истиот ден, во Полициското одделение Шуто Оризари, 36-годишната С.А. од Скопје пријавила дека и нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од четворица малолетници, при што еден од нив му нанел повреда со остар предмет. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Во друг инцидент, 19-годишник од Скопје пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар, додека бил со неговиот брат и другар, дошле две лица и им се заканувале. По пријаватаедно од лицата било фатено и лишено од слобода, по што го признал делото.

Во третиот инцидент, скопјанец пријавил дека кај местото викано „Врапче“ во Драчево, неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од 41 годишно лице од селото Батинци.

„на 03.07.2026 во 23:55 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, С.А.(36) од Скопје пријави дека и нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од четворица малолетници, а еден од нив му нанел повреда со остар предмет“. – Стои во соопштението од МВР.

Оттаму информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на сите случаи.

 

Александра Спировска