Македонија

Пожарот кај Белица сè уште е активен, изгаснати 16 други пожари

05.07.2026 09:41

Во општина Македонски Брод, на границата со ловиштето Јасен, и натаму е активен. Противпожарните екипи интервенираат на терен, но гаснењето е отежнато поради исклучително непристапниот терен...

Пожарот кај селото Белица, во општина Македонски Брод, на границата со ловиштето Јасен, и натаму е активен. Противпожарните екипи интервенираат на терен, но гаснењето е отежнато поради исклучително непристапниот терен.

Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), во изминатите 24 часа низ државата се регистрирани вкупно 17 пожари на отворен простор. Од нив, еден е сè уште активен, додека 16 се успешно изгаснати.

Од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопштуваат дека се работи на зајакнување на противпожарниот систем преку ангажирање нови пилоти и набавка на дополнителни Ер-трактори. Сепак, од институцијата предупредуваат дека човечкиот фактор останува главната причина за појавата на пожарите.