посета

Муцунски во дводневна официјална посета на Катар

05.07.2026 11:39

Муцунски, како што информираат од министерството, се очекува да оствари одделни средби со премиерот и министер за надворешни работи на Катар, заменик-премиерот и државен министер за одбрана, како и со државниот министер за надворешни работи.

Министерот за надворешни Тимчо Муцунски од денеска престојува во дводневна официјална посета на државата Катар.

Во рамките на посетата, Муцунски, како што информираат од министерството, се очекува да оствари одделни средби со премиерот и министер за надворешни работи на Катар, заменик-премиерот и државен министер за одбрана, како и со државниот министер за надворешни работи.

Во програмата се предвидени и средби со претставници на повеќе инвестициски фондови и катарски компании, како и потпишување на неколку билатерални документи. за време на посетата, се очекува да биде потврдена заемната подготвеност за натамошно јакнење на меѓусебните односите во сите сфери од заемен интерес.