МВР

МВР распиша конкурс за 200 ученици во новото средно полициско училиште

05.07.2026 16:40

Новата генерација ќе се школува под мотото „Облечи ја униформата со гордост!“, а наставата ќе се реализира во рамките на полициската академија во Идризово...

Министерството за внатрешни работи објави конкурс за прием на 200 ученици во новото средно полициско училиште за учебната 2026-та и 2027-ма година, со што се враќа полициското образование по 26 години пауза.

Новата генерација ќе се школува под мотото „Облечи ја униформата со гордост!“, а наставата ќе се реализира во рамките на полициската академија во Идризово, каде што учениците ќе престојуваат во интернат и ќе следат стручна и општообразовна настава. Право на пријавување имаат ученици кои завршиле втора година во четиригодишно средно образование, а условите вклучуваат добро здравје, психофизичка способност, како и најмалку „добар“ општ успех.

Селекцијата ќе се спроведе во три фази – проверка на моторички способности, писмен тест и интервју, по што ќе се изработи конечна ранг-листа според освоените бодови. По успешното завршување на школувањето и државната матура, Министерството за внатрешни работи ќе им обезбеди работно место како полицајци, што дополнително го зголемува интересот за новиот конкурс.