Прилеп со мерки против пожарите
Прилепскиот кризен штаб со мерки, апели и внимателност до сите за да не се предизвика огнена стихија. Градот на „готовс“ ја има и универзалната екипа...

Ниту собирачите на шумски плодови, вработените во рударството, ниту пак туроператорите без дозвола не смеат да се движат во шума. А палењето стрништа и трева не доаѓа предвид. Следуваат ригорозни казни. Освен тоа, поради ранливоста на манастирските комплекси, да се исчисти околината од тревата, а крајна внимателност е контролата на дивите депонии. Од 30-тина пожари во јуни, најчесто биле на диви депонии. Ова се јасните насоки на прилепскиот кризен штаб за заштита од летните огнени стихии.
Како што налага законот, Прилеп е подготвен со универзалната 52-члена екипа која се вклучува каде е неопходно.
Остануваат старо-новите предизвици за зголемување на бројот на пожарникари и перманентна обнова на опремата.
Елизабета Митреска
