Македонија

Гори во светиниколско и во пехчевско

05.07.2026 13:40

Два нови пожара беснеат во земјава. Гори во светиниколско и во пехчевско. Силниот ветер и сувата трева го отежнуваат гаснењето во светиниколското село Срнилиште, додека во Пехчево огнената стихија веќе се шири од едно кон друго село.

Два активни пожари беснеат во моментов. Едниот во атарот на село Срнилиште светиниколско, каде ветерот и сувата трева што лесно се разгорува, го отежнуваат неговото гаснење, другиот пожар е во општина Пехчево, а се шири од едно кон друго село. Од Дирекцијата за заштита и спасување велат дека локалните пожарникари се на терен.

Пожарот над селото Белица кај Македонски Брод е ставен под контрола. Ангелов вели дека од нискостеблести растенија, пожарот се проширил на борова шума, блиску до ловиштето Јасен, на непристапен терен кој барал неколку часовно пешачење. Во функција биле ставени Ер тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување.

Екипа од ЈП Јасен будно ја следи ситуацијата, за како што вели ангелов да не се повтори катастрофата од минатото лето со големиот пожар во Јасен. Состојбата со пожарите континуирано се следи. Апел до граѓаните на внимателно однесување на отворен простор со цел спречување на појава на нови пожари.

Александра Спировска