Продолжуваат нападите на Коалицијата против ИДИЛ
Западните медиуми јавуваат дека во упориштето на џихадистите, Рака, владее анти- ИДИЛ расположение. Лојалноста ја откажуваат и борците на фронтот Ал Нусра...

Втор ден американски воени бомбардери ги напаѓаат позициите на Исламска држава, во Ирак и во Сирија. Погодени се складишта и возила во Багдад и во Ирбил близу до Курдската територија.
Западните медиуми јавуваат дека во упориштето на џихадистите, Рака, владее анти- ИДИЛ расположение. Лојалноста ја откажуваат и борците на фронтот Ал Нусра.
Претходно ИДИЛ била нападната во близина доопколениот град Кобане кај турската граница, но коалицијата не потврдува, а Турција соопшти дека бомбардерите не полетале од базата во Инџирлик.
Британскиот парламент задутре, а Данскиот денеска, ќе расправаат дали и како ќе се вклучат во нападите.
