Албанија

„Фламинго револуцијата“ бара оставка од Рама

05.07.2026 19:23

Демонстрантите донесоа бетонска торта со натпис „уште 100 години затвор“, украсена со фламинга, кои станаа симбол на протестите. Организаторите најавуваат протест и вечерва и секој нареден ден со сè поголема масовност до заминувањето на Рама.

Илјадници демонстранти вчера вечерта излегоа на улиците на албанскиот главен град, одбележувајќи го 35-тиот ден по ред од протестите што започнаа поради контроверзниот туристички објект, но прераснаа во пошироко движење против владата на премиерот Еди Рама. Марширајќи низ центарот на Тирана, демонстрантите скандираа „Нова Албанија“ и „оставка на Еди Рама“, носејќи транспаренти на кои пишуваше „Албанија не е на продажба“.

Најголемо внимание привлече симболиката избрана за роденденот на премиерот, кој вчера го славеше 62 роденден. Демонстрантите донесоа бетонска торта со натпис „уште 100 години затвор“, украсена со фламинга, кои станаа симбол на протестите. Организаторите најавуваат протест и вечерва и секој нареден ден со сè поголема масовност до заминувањето на Рама.

„Тука сме затоа што веруваме дека нашата земја заслужува нова генерација политичари и политика, а не генерација базирана на корупција и празни ветувања. Сакаме да го оставиме зад себе овој начин на водење политика, а луѓето што се на власт треба да бидат повикани на одговорност.“, изјави Аница Пападима – демонстрантка.