Временска прогноза

Сончево време со мала до умерена облачност

06.07.2026 08:13

Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и град...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.

Во Скопје, сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.