Идризово
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
06.07.2026 08:26
Ново рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Обвинителството продолжува со изведување на доказите...

Денеска ново рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Обвинителството продолжува со изведување на доказите.
Според најавите, денеска ќе бидат изведени листинзи од телефонска комуникација, по што од доказите на обвинителството ќе преостанат уште градежното вештачење и исказите на вештите лица.
Потоа ќе започне доказната постапка на одбраната на последното рочиште судијката информира и дека државниот обвинител Савески не го прифатил барањето на адвокатот Миланов за изземање на обвинителката Наташа Сарамандова.
