Дијалог наместо штрајк, СОНК ја губи поддршката
Во пресрет на најавениот штрајк на наставниците и професорите, СОНК ја губи поддршаката од ограноците и КСС. Се бара дијалог...

Продолжуваат оградувањата од одлуката на Синдикатот за образование, наука и култура(СОНК), за штрајк на наставниците и професорите. Причини има, но за дијалог, велат членови и претставници на ограноци на СОНК.
„Штрајкот не е решение да се добие нешто, пред се треба да седнат со ладни глави, да се најде дијалог помеѓу Министерството за образование. Постојат причини за дијалог“, вели Горанчо Крстиќ, претседател на младите на СОНК од Велес.
Од општина Штип велат дека настава ќе има. Најдена е соодветна замена за професорите кои ќе се одлучат на штрајк. Во меѓувреме СОНК не добива поддршка ниту од Конфедерацијата на слободни синдикати, оттаму за причина го наведуваат кршењето на статутот на КСС.
„Ние сме членови на Извршниот одбор на КСС и претседатели на петте грански синдикати, с еоградуваме од сегашните активности на СОНК, бидејќи СОНК делува без никаква одлука од Извршниот одбор на КСС“, рече Лидија Карастојанова Антова, член на КСС.
Штрајкот на СОНК е закажан за понеделник.
Лука Андреев
