Уште еден масовен руски напад врз Киев
Ударите следуваа неколку часа по предупредувањето на украинскиот претседател.

Најмалку осум лица загинаа, а 34 се повредени во масовен руски ракетен и беспилотен напад врз Киев и околината. Ударите следуваа неколку часа по предупредувањето на украинскиот претседател.
„Ова е во духот на Путин – веднаш по Денот на независноста на Америка и пред самитот на НАТО во Анкара, Русија сака да додаде зло, да убива луѓе. Мора да извршиме притисок врз Русија за да има мир. Украина веќе ги достави сите предлози, сите дипломатски опции. Очекуваме дека во текот на овие месеци што претстојат, условите за пристоен мир ќе бидат постигнати или со сила или со дипломатија“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Зеленски потенцираше дека секојдневно работи со партнерите, вклучувајќи ги Холандија, Германија, Шведска, Франција и САД, за зајакнување на воздушната одбрана и обезбедување дополнителни ракетни резерви и системи, особено за справување со балистички закани. Белата Куќа објави дека Трамп планира да се сретне со украинскиот лидер на претстојниот самит на НАТО во Турција.
