Иран

Погребни церемонии за ајатолахот Али Хамнеи

06.07.2026 13:38

Во нападот од САД и Израел на 28 февруари беа убиени 86-годишниот врховен лидер Али Хамнеи и други високи функционери.

Толпа ужалени граѓани се собраа на улиците во Техеран, неколку часа пред погребната поворка за убиениот врховен лидер на Иран. Властите ги затворија улиците, воздушниот простор, додека ужалените го одбележуваат животот на човекот кој со децении го водеше Иран додека се соочуваше со западот.

Во нападот од САД и Израел на 28 февруари беа убиени 86-годишниот врховен лидер Али Хамнеи и други високи функционери.

„Се чувствувам како дете кое го изгубило својот татко, својот поддржувач. Тоа многу ме растажува. Нека Бог ни помогне на сите да го пребродиме ова.“

„Денес сме тука на погребот на нашиот лидер, многу тежок ден. Не сме тука да се збогуваме со него, тука сме за одмазда. И ќе се одмаздиме. Ова е еден од најтешките денови, никогаш не помисливме дека еден ден ќе бидеме тука да присуствуваме на погребот на лидерот.“

САД продолжуваат со преговорите со Иран со цел целосно повторно отворање на Ормускиот теснец, повлекување на спорната нуклеарна програма и постигнување траен крај на војната.