Кина тестираше балистичка ракета со долг дострел во Јужниот Пацифик
Кинеската војска тестираше балистичка ракета со долг дострел од нејзините нуклеарни подморници во Јужниот Пацифик, предизвикувајќи протести и загриженост од земјите во регионот...

Кинеската војска тестираше балистичка ракета со долг дострел од нејзините нуклеарни подморници во Јужниот Пацифик, предизвикувајќи протести и загриженост од земјите во регионот.
Австралиската шефица на дипломатијата изјави дека биле информирани за планираното тест-лансирање и го предупредиле Пекинг за дестабилизирачки акции во регионот. Од кинеското Министерството за одбрана велат дека лансирањето било дел од рутинска годишна обука, во согласност со меѓународното право и пракса и не било насочено против која било земја или цел.
Кина последен пат спроведе ракетен тест во Пацификот пред две години, а потоа истрела интерконтинентална балистичка ракета со лажна боева глава. Лансирањето се случи истиот ден кога Австралија и Фиџи потпишаа нов договор за меѓусебна одбрана, кој има за цел да се спротивстави на кинеското влијание во Пацификот.
