Свет
Во Конго потврдени над 1.500 случаи ебола, од кои 500 починале
06.07.2026 18:29
Според податоците на Светската здравствена организација, актуелната епидемија е поврзана со реткиот сој на вирусот ебола – Бундибугио...

Во Демократска Република Конго потврдени над 1.500 случаи ебола, од кои 500 починале како резултата на вирусот, соопшти Министерството за здравство на земјата.
Според податоците на Светската здравствена организација, актуелната епидемија е поврзана со реткиот сој на вирусот ебола – Бундибугио.
Од СЗО велат дека ризикот од меѓународно ширење на болеста засега е оценет како низок, но нагласи дека состојбата бара постојано и внимателно следење. Во меѓувреме, во Конго е почнато и првото клиничко испитување на терапија наменета за лекување на овој сој на ебола.
