Централниот регистар почна постапка за бришење на три компании со статус неактивен субјект
Централниот регистар објави список на три трговски друштва за кои е поведена постапка за бришење, откако Управата за јавни приходи утврдила дека три години по ред имале статус на неактивен субјект. Законските застапници, содружниците и доверителите имаат рок од една година да поведат постапка за стечај или ликвидација.

Централниот регистар на Република Северна Македонија започна постапка за бришење на три трговски друштва, согласно член 552-а од Законот за трговските друштва, откако Управата за јавни приходи со решение утврдила дека тие три последователни години имале статус на неактивен субјект.
На списокот се наоѓаат: „МБ Интернационал“ ДООЕЛ Скопје, „Гранд Ливинг“ ДООЕЛ Скопје и „ФБ МЕДИА“ ДООЕЛ Скопје.
Од Централниот регистар ги повикуваат законските застапници, лицата овластени за управување, застапување и надзор, содружниците и доверителите на овие субјекти, во рок од една година од објавувањето на соопштението да поднесат предлог за отворање стечајна постапка согласно Законот за стечај или предлог за ликвидација согласно Законот за трговските друштва и за тоа писмено да го известат Централниот регистар.
Доколку во предвидениот рок не биде доставено известување за поднесен предлог за ликвидација или стечај, Централниот регистар ќе ги избрише субјектите од регистарот, а бришењето ќе биде објавено на неговата веб-страница.
Доколку, пак, биде доставено известување дека е поднесен предлог за ликвидација или стечај, но во рок од една година по истекот на првичниот рок не биде отворена соодветната постапка, Централниот регистар исто така ќе го избрише субјектот и тоа ќе го објави на својата веб-страница.
