Министерство за финансии

Димитриеска-Кочоска: Јавните финансии стабилни, даночните приходи растат

06.07.2026 19:48

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во експозето на ребалансот на Буџетот за 2026 година во комисиската расправа во Собранието оцени дека јавните финансии се стабилни, приходната страна се реализира согласно очекувањата, а расходите се насочени кон исполнување на законските обврски и реализација на приоритетните развојни политики.

Во првата половина од годината, односно во периодот јануари-јуни, вкупните приходи во Буџетот се реализирани во износ од 170 (поточно 169,9 па ги заокружив) милијарди денари што е раст за 8,6% во споредба со истиот период од претходната година и има реализација на планот од над 45%.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во експозето на ребалансот на Буџетот за 2026 година во комисиската расправа во Собранието оцени дека јавните финансии се стабилни, приходната страна се реализира согласно очекувањата, а расходите се насочени кон исполнување на законските обврски и реализација на приоритетните развојни политики.

„Особено е значајно што најголемиот дел од приходите доаѓаат од редовната економска активност. Даночните приходи достигнаа 96,7 милијарди денари, при што приходите од данокот на додадена вредност изнесуваат 43,3 милијарди денари и учествуваат со околу 44,7% во вкупните даночни приходи. Приходите од данок на личен доход достигнаа 17,5 милијарди денари, приходите од данокот на добивка 13,8 милијарди денари, а по основ на акцизи се реализирани 13,9 милијарди денари“, наведе министерката.

Податоците покажуваат раст на приходите од данокот на личен доход за 11,7%, данокот на добивка за 14,5%, данокот на додадена вредност 16,4% и раст од 8,3% кај увозните давачки бележат раст.

Според министерката ова е директна потврда дека економската активност продолжува, дека компаниите работат, дека платите растат и дека институциите успешно ја реализираат политиката на подобра наплата и намалување на сивата економија. Социјалните придонеси во овој период од шест месеци, а како најзначаен извор за финансирање на пензискиот и здравствениот систем, достигнаа 58,8 милијарди денари, што претставува раст за 7,5% во споредба со истиот период минатата година.

На расходната страна на Буџетот, која е реализирана во износ од 205,9 милијарди денари е во насока на исполнување на законските обврски кон граѓаните.

Во првата половина од 2026 година се исполнети обврските кон стопанството, односно извршен е поврат на средства по основ на солидарниот данок во висина од 1,2 милијарди денари. За исплата на пензии се издвоени 58,1 милијарди денари и е обезбедена редовна исплата на пензиите за сите пензионери. За финансирање на здравствениот систем се реализирани 25,5 милијарди денари, а за социјална заштита на најранливите категории на граѓани се исплатени 7,6 милијарди денари. Кон општините се трансферирани 15,1 милијарди денари блок-дотации за образование, детска заштита, култура, противпожарна заштита и останатите пренесени надлежности, како и дополнителни 2,4 милијарди денари средства од данокот на додадена вредност. Истовремено, во првата поволина од годината државата дисциплинирано ги сервисираше сите обврски кон домашните и странските кредитори. За камати се исплатени 12 милијарди денари, додека за отплата на главнина по основ на домашен и надворешен долг се сервисирани 60,7 милијарди денари.

Според министерката, како што наведе во експозето, ова е исклучително важно, бидејќи финансиската дисциплина и навременото сервисирање на долгот се предуслов за зачувување на довербата на инвеститорите, меѓународните финансиски институции и кредитните агенции.

Таа потенцира дека на расходната страна, политиката останува непроменета – навремена исплата на сите законски обврски, дисциплинирано управување со јавните средства и приоритетно финансирање на развојните политики.

Министерката истакна дека она што претставува најсилен показател за развојната политика на Владата е реализацијата на капиталните расходи којашто во првата половина од годината достигна 19,4 милијарди денари, што претставува раст од 53,5 проценти во однос на истиот период минатата година.