Доктори специјалисти непотребно испраќале пациенти на магнетна резонанца и компјутерска томографија

24.09.2014 18:18

Министерот за здравство, Никола Тодоров денеска информираше дека доктори специјалисти непотребно испраќале пациенти на магнетна резонанца и компјутерска томографиј, при што министерството детектирало дека многу често издадените упати се без наод, односно со негативен наод.

Податоците од електронскиот систем „Мој термин“ покажуваат дека во Македонија низ јавните установи од јануари до јули 2014 година, биле направени 15.468 прегледи на компјутерска томографија, додека 7.806 прегледи биле направени на магнетна резонанца.

„Во однос на упатите за компјутерска томографија 41 процент од нив биле упати без наод, односно испитувања каде не е пронајдена никаква дијагноза, додека кај магнетна резонанца вкупно 24 отсто од испитувањата резултирале без пронајден наод. Ова се агрегирани податоци“, истакна министерот за здравство Никола Тодоров.

Целта ни е, вели Тодоров, да укажеме на последиците од упатување на пациентите на овие снимања кога нема медицински индикации согласно упатствата на медицина базирана на докази, односно упатството за начинот на упатување на дијагностички процедури за радиолошка дијагностика и начинот на издавање на резултат за ренген дијагностика, компјутерска томографија, магнетна резонанца и мамографија.

Според ресорниот министер на овој начин, пациентот кој бил упатен на компјутерска томографија или магнетна резонанца, непотребно бил зрачен, а исто така непотребно се направил трошок во системоти и се одзело времето на некој на кој итно му е потребна ваква дијагностика.