Ангелов: Секојдневно имаме по десетина пожари, државата засега добро се справува
„Секојдневно имаме, но благодарение на најдобрата до сега подготвеност, државата засега релативно лесно се справува со нив“, истакна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Информира дека со доброволните пожарникарски друштва, ја разработуваат идејата во текот на летниот период, постојано да има на располагање околу 120 доброволни пожарникари.

Секојдневно имаме по десетина пожари, дел посериозни, но државата засега добро се справува со нив, уверува директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Се договара, во летниот период, на располагање постојано да има 120 доброволни пожарникари, кои ќе бидат ангажирани во тимовите за брзо распоредување и ќе бидат регрутирани од редовите на доброволните противпожарни друштва од Македонија.
Од доброволните противпожарни друштва, задоволни од досегашната соработка и координација со дирекцијата. Се разговара за решавање на проблемите, како системски пропусти, финансирање и набавка на возила и опрема.
Со Предлог-ребалансот на Буџетот се очекуваат значително повеќе средства за тимовите за брз одговор на дирекцијата, информира Ангелов.
Марија Котовска
