Собрание

Гаши се согласува да има електронско гласање на избори, ако се овозможи идентификација на гласачите и тајност на гласањето

06.07.2026 17:54

Собранискиот спикер Гаши се согласува да има електронско гласање на избори, ако се овозможи идентификација на гласачите и тајност на гласањето. Партиите продолжуваат со спротивставени ставови...

Партиите да покажат политичка волја и да донесат заедничко решение за консензуално усвојување на Изборниот законик во рамките на Реформската агенда-порача претседателот на законодавниот дом Африм Гаши. Во однос на спорните прашања, негов личен став е дијаспората треба да биде вклучена во изборниот процес, а за електронското гласање очекува да се обезбедат заштитни механизми за идентификацијата и тајноста на гласањето.

Партиите продолжуваат со спротивставени ставови. ВМРО – ДПМНЕ со обвинувања до Социјалдемократскиот сојуз дека сака да ја исклучи дијаспората од изборниот процес како и за постојана промена на ставовите.

СДСМ пак стравува дека токму електронското гласање ќе доведе до изборен инжинеринг. Се сомневаат во недоволно заштитен систем.

Координаторите на пратеничките групи закажаа средба на која ќе ги пеглаат спорните прашања за изборниот закони.

СДСМ и Левица подготвија над 13.000 амандмани.

 

Марина Стојанова Тонева