идризово

На судењето за „Пулс“ презентирани телефонски листинзи и преписки

06.07.2026 18:44

Полицајци, инспектори и службеници му праќале информации за контроли на на газдата на „Пулс“ и на неговиот син. Обвнителството ги објави пораките од телефонската комуникацијата .

Во судницата во Идризово продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“. На денешното рочиште обвинителството презентираше телефонски листи од разговори од обвинетите.

Со предупредување за ризик дека ќе има акција, од надлежни институции постојано бил информиран сопственикот на пулс. од телефоните на првообвинетиот и неговиот син, Дејан и Михајло Јованови можеше да се види и преписка меѓу нив двајца на денот на трагичниот настан кога Михајло го известил Деко дека има рација во „Булевар“, од радовишки полицајци кои не се нивни и дека ќе дојдат и во „Пулс“, по што бара итно празнење на дискотеката од малолетници. Јованов постојано бил предупредуван за рации и полициски и инспекциски контроли во дискотеката. Родителите на загинатите реагираа, велат дека јавноста првпат слуша имиња на лица кои имале контакти со сопствениците на „Пулс“ и на „Класик“, а кои воопшто не се опфатени во обвинителниот акт.

Презентирана беше и комуникација од вештачењето на телефоните и на други обвинети лица. Од Обвинителството најавија дека од нивните материјални докази останува уште да бидат изведени докази за градежното вештачење и исказите на вештите лица. потоа доказната постапка ќе ја продолжи одбраната, која најави дека ќе предложи свои докази, сведоци и вештачења.

 

Ана Јосифоска