Турција

Македонска делегација на Самитот на НАТО

07.07.2026 08:16

Во Анкара на Самитот на НАТО престојува и македонска делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Таа пред почетокот на самитот имаше средба со претставници на македонската заедница во Турција.

Посебно внимание на средбата било посветено на иницијативата на проф. д-р Мелахат Парс, раководителка на Катедрата по македонски јазик при анкарскиот универзитет, за целосно етаблирање на катедрата и отворање лекторат по македонски јазик во Анкара.

Сиљановска-Давкова оцени дека оваа иницијатива претставува стратешки значаен чекор, нагласувајќи дека во земја во која живее бројна заедница со македонско потекло, лекторатот ќе биде важен центар за изучување, негување и афирмација на македонскиот јазик и македонската култура.