Временска прогноза

Сончево со мала до умерена облачност

07.07.2026 08:20

Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 36 Целзиусови степени.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 36 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево време со мала до умерена облачност, додека во попладневните часови, во делови од котлината, ќе има услови за повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 Целзиусови степени.