Собрание

Во Собранието промоција на Кодексот за етичко однесување на пратениците

07.07.2026 08:35

Во Собранието денеска ќе биде промовиран Кодексот за етичко однесување на пратениците, со кој се утврдуваат принципите и стандардите за однесување на избраните претставници.

Во Собранието денеска ќе биде промовиран Кодексот за етичко однесување на пратениците, документ со кој се утврдуваат принципите и стандардите за однесување на избраните претставници во законодавниот дом.

Кодексот беше усвоен на 15 јуни годинава, а според претседателот на Собранието, Африм Гаши, неговата цел е да воспостави јасни правила за етичко постапување и одговорност на пратениците во извршувањето на нивната функција.

На промотивниот настан воведни обраќања ќе имаат претседателот на Собранието Африм Гаши, амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Роберт Скот Хејзлет, виш резидентен директор на НДИ Северна Македонија, Ајла Ван Хеел Мердановиќ од Одделот за демократско управување и родова еднаквост при ОДИХР, како и Миле Лефков, претседател на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.