Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет
Пред членовите на Комисијата се вкупно 224 амандмани: 87 од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и осум од ВРЕДИ...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја почне амандманската расправа за ребалансот на Буџетот. Пред членовите на Комисијата се вкупно 224 амандмани: 87 од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и осум од ВРЕДИ.
Согласно собранискиот Деловник, расправата може да трае најмногу десет работни дена, по што предлог-ребалансот ќе се најде на пленарна седница. Власта и опозицијата изнесоа различни оценки за предложените измени.
Со ребалансот, вкупните приходи се ревидираат на 379,2 милијарди денари, што е зголемување за околу 4,2 милијарди денари или 1,1 отсто во однос на иницијалниот Буџет за 2026 година. Вкупните расходи, пак, се ревидираат на 425,2 милијарди денари. Обезбедени се дополнителни средства за капитални инвестиции кои достигнуваат околу 46 милијарди денари и се зголемуваат за околу 5,8 милијарди денари, зголемување за 14,5 проценти. Согласно проекциите, годинава се очекува економски раст од 3,5 отсто, инфлација од 4,5 проценти и буџетски дефицит 4,1 отсто од БДП.
