УКРАИНА

Зеленски бара дозвола за производство на „Патриот“

07.07.2026 08:40

Претседателот на Украина изјави дека доколку на земјата и биде доделена лиценца за производство на ракети за системите за воздушна одбрана „Патриот“, тоа би било доволно за да се заштитат и Украина и нејзините соседи.

Бројот на жртви во масовниот руски напад во Киев се искачи на 16, а 58 лица се повредени. Зеленски, исто така, го потврди нападот врз рафинеријата во Омск, во западен Сибир, на речиси 2.500 километри од границата со Украина.

Претседателот на Украина изјави дека доколку на земјата и биде доделена лиценца за производство на ракети за системите за воздушна одбрана „Патриот“, тоа би било доволно за да се заштитат и Украина и нејзините соседи.

„Едноставно е бесмислено што, во денешниот свет, производството сè уште не е зголемено до нивото што е всушност потребно за заштита на луѓето од балистички терор. Одамна тврдевме дека сме способни сами да произведуваме такво одбранбено оружје. Доколку Украина добиеше американски лиценци за производство на Патриоти, нашето сопствено производство би било доволно и за заштита на Украина и за помош на партнерите во неволја“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

На дипломатски план, контактите меѓу Русија и САД не се прекинати и ќе продолжат дури и ако Вашингтон го промени ставот за Украина, потврди рускиот заменик-министер за надворешни работи.