Хамас се распушти по две децении
Хамас бара воспоставување палестинска администрација пред воопшто да размисли за предавање на кој било дел од својот арсенал.

Хамас објави дека го распушта телото што владееше со Појасот Газа речиси две децении. Групата наведува дека одлуката е донесена во интерес на палестинскиот народ и потребата да се обезбеди ново административно решение.
Откако во октомври изминатата година стапи на сила прекинот на огнот меѓу Хамас и Израел, групата постојано изразуваше подготвеност да се повлече од оперативната надлежност, но чувствителното прашање за нивното разоружување останува нерешено.
Хамас бара воспоставување палестинска администрација пред воопшто да размисли за предавање на кој било дел од својот арсенал.
Прашањето за повоеното управување со Газа останува една од главните пречки во преговорите за спроведување на втората фаза.
