Во Собранието нова средба за договор за Изборниот законик
Во Собранието денеска продолжуваат разговорите за измените на Изборниот законик. Во фокусот се предлогот за поштенско гласање на дијаспората, една изборна единица и надминувањето на блокадата со околу 13.500 амандмани.

Во Собранието денеска ќе се одржи нова средба на координаторите и претставниците на пратеничките групи за измените на Изборниот законик. ВМРО-ДПМНЕ ги очекува ставовите на СДСМ и ДУИ за предлогот за поштенско гласање на дијаспората, а најавува дека е подготвена да прифати и една изборна единица.
Меѓу спорните прашања остануваат и финансирањето на изборната кампања, како и начинот на гласање на дијаспората. Во собраниска процедура има околу 13.500 амандмани поднесени од СДСМ и Левица.
Доколку партиите постигнат договор, СДСМ и Левица ќе ги повлечат амандманите, со што ќе се деблокира постапката за донесување на измените. Изборниот законик е последната точка од реформските обврски што треба да бидат исполнети во предвидениот рок.
