Куба постепено го обновува снабдувањето со електрична енергија
Куба со месеци се соочува со повеќечасовни, а во последно време и повеќедневни прекини на струјата, што властите го поврзуваат со застарената инфраструктура и недостигот на гориво...

На Куба почна обновата во снабдувањето со електрична енергија по колапсот на националната електроенергетска мрежа. Приоритет е напојувањето за болниците и центрите за производство на храна.
Куба со месеци се соочува со повеќечасовни, а во последно време и повеќедневни прекини на струјата, што властите го поврзуваат со застарената инфраструктура и недостигот на гориво. Администрацијата на американскиот претседател Трамп претходно годинава ги прекина испораките на гориво од Венецуела за Куба и изврши притисок врз Мексико да ги запре испораките.
Вашингтон тврди дека акциите се насочени кон промена на власта на Куба, додека Хавана ги отфрла обвинувањата и истакнува дека не претставува безбедносна закана за САД.
