Вујо дебитира со победа
Македонските претставници во СЕХА регионалното натпреварување се во очекување на стартот во Лигата на Шампионите, истото важи и за екипата на хрватскиот првак Прво плинарско друштво, но загрепчани денеска го одиграа натпреварот против Војводина во СЕХА како последна подготовка пред стартот во Лигата на Шампионите.

Во својата сала предводени од новиот тренер Веселин Вујовиќ ,ракометарите на Загреб очекувано славеа со 29-24 што е нивна трета победа сезонава на 4 натпревари и се на третата позиција на табелата зад засега неприкосновениот Веспрем со 6 победи на исто толку натпревари и Вардар кој има 3 бода помалклу со 4 победи и еден пораз.
Инаку токму Загреб предводен од Вујовиќ ќе биде следниот и последен противник на екипата на Вардар во СРЦ Кале на 30–ти месецов.
Дотогаш Вардар ќе го одигра првиот натпревар во рамките на Ц групата во Лигата на Шампионите в сабота нагости протов Цеље, Металург в недела во СЦ Борис Трајковски ќе го пречека Пари Сен Жермен, а заедно со македонскиот шампион во А групата е и Загреб кој во првото коло од шампионската лига в недела ќе има сериозна домашна задача против екипата на Кил.