Економија

Директорот на ТИРЗ на средба со претставници на белгиско-македонскиот бизнис клуб и француската компанија Euro-Tech Distribution

07.07.2026 17:42

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски денес оствари средба со претставници на белгиско-македонскиот бизнис клуб и француската компанија Euro-Tech Distribution. Средбата опфати разговори во насока на тековните активности, а беа презентирани и можностите кои ги нудат технолошките индустриски развојни зони, како и поволната деловна клима во државата.

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски денес оствари средба со претставници на белгиско-македонскиот бизнис клуб и француската компанија Euro-Tech Distribution. Средбата опфати разговори во насока на тековните активности, а беа презентирани и можностите кои ги нудат технолошките индустриски развојни зони, како и поволната деловна клима во државата.

Директорот Димовски истакна дека привлекувањето квалитетни странски инвестиции останува еден од клучните приоритети на ДТИРЗ, со фокус на проекти кои создаваат додадена вредност, отвораат нови работни места и придонесуваат за одржлив економски раст. Тој нагласи дека целта е преку партнерски однос, ефикасни институции и стабилна и предвидлива деловна средина да се создадат услови за нови инвестиции со долгорочен позитивен ефект врз македонската економија.

Од страна на претставниците на белгиско-македонскиот бизнис клуб и француската компанија Euro-Tech Distribution беше изразен особен интерес за можностите што ги нуди Македонија како инвестициска дестинација. Воедно, беше истакната подготвеност за понатамошна комуникација и размена на информации во насока на разгледување на конкретни можности за инвестирање и воспоставување натамошна соработка.

Euro-Tech Distribution е француска компанија специјализирана за развој, производство и дистрибуција на мали апарати и опрема за домаќинство. Со повеќе од 25 години искуство, компанијата нуди широк асортиман на производи, вклучувајќи роботски правосмукалки, роботски чистачи за базени, кујнски апарати, грејни и разладни уреди, како и производи за лична нега. Покрај развојот на сопствени производи, компанијата обезбедува и постпродажна поддршка и дистрибуција на европските пазари, со седиште во Бондју, Франција.

Оваа средба претставува уште еден чекор во насока на активно промовирање на инвестициските потенцијали и обезбедување ефикасна поддршка за сите компании кои препознаваат можност за раст и развој во рамки на технолошките индустриски развојни зони. Дирекцијата за ТИРЗ и натаму останува посветена на унапредување на позицијата на државата на мапата на странски директни инвестиции.