МВР

Велешанка уапсена поради обид за убиство на вонбрачниот сопруг

07.07.2026 14:31

Триесетгодишна жена од Велес е лишена од слобода откако со остар предмет го повредила својот 37-годишен вонбрачен сопруг. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава за обид за убиство при семејно насилство.

Полициски службеници од СВР Велес вчера околу 19 часот ја лишиле од слобода 30-годишната Т.Д. од Велес, поради сомнение дека во семејниот дом со остар предмет му нанела убодна рана на својот 37-годишен вонбрачен сопруг.

Повредениот бил пренесен во Општата болница во Велес, каде му била укажана лекарска помош, додека осомничената била приведена и задржана во полициска станица.

Полицијата го пронашла и го одзела предметот со кој е извршено делото, а за случајот бил известен јавен обвинител. По целосно расчистување и документирање на настанот, против Т.Д. ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „обид за убиство при семејно насилство“.