Едно лице приведено, со две извршен службен разговор, четири пријави за семејно насилство
28-годишна жена од село во гостиварско пријави дека нејзиниот сопруг Ф.А. околу 18:45 часот во нивниот дом физички и со тврд предмет ги нападнал неа и нивниот 10-годишен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.07.2026 во 21:00 часот во ОВР Гостивар, 28-годишна жена од село во гостиварско пријави дека нејзиниот сопруг Ф.А. околу 18:45 часот во нивниот дом физички и со тврд предмет ги нападнал неа и нивниот 10-годишен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.07.2026 во 18:50 часот, во СВР Тетово 28-годишен маж од село во гостиварско пријави дека околу 06:00 часот бил физички нападнат од страна на неговата баба. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.07.2026 во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Ј.А.(39) од скопско и В.П.(36) од Скопје, по претходна пријава дека на 06.07.2026 во домот во скопско, физички го нападнале 68-годишниот татко на Ј.А. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 06.07.2026 во 12:40 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишија од слобода 38-годишната З.С. од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички го нападнала нејзиниот 38-годишен сопруг. Таа била приведена во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
