Куп дербито за Шкендија
Во најинтересниот натпревар од осминафиналето на фудбалскиот куп на Македонија ,екипата на Шкендија го победи Вардар со 2-1 и со минимална предност ќе го очекува реваншот на 14-ти октомври на Филип втори. На градскиот стадион во Тетово, Шкендија уште во 6-тата минута со голот на Вручина од пенал го отвори резултатот, но по само 10 минути од првиот корнер Вардар со голот на Грнчаров израмни на 1-1.

Во најинтересниот натпревар од осминафиналето на фудбалскиот куп на Македонија ,екипата на Шкендија го победи Вардар со 2-1 и со минимална предност ќе го очекува реваншот на 14-ти октомври на Филип втори. На градскиот стадион во Тетово, Шкендија уште во 6-тата минута со голот на Вручина од пенал го отвори резултатот, но по само 10 минути од првиот корнер Вардар со голот на Грнчаров израмни на 1-1. Конечниот резултат го постави Алими од слободен удар на 13 минути до крајот што мина под знакот на инцидентот и повредата на голманот на Вардар Павловиќ откако со камен беше погоден од навивачите на трибините.Комплетни резултати од првите осминафинални средби:
Куп на Македонија
1/8финале(1 средби)
Шкендија-Вардар 2-1
Пелистер-Работнички 0-0
Турново-Брегалница 0-0
Гостивар-Ренова 1-4
Победа Ј.-Дрита 1-0
Силекс-Еуромилк 1-1
Шкупи-Тетекс 1-1
Кожуф-Напредок 0-0
