Македонија

Град Скопје донира 1,2 милиони денари за помош на Венецуела по земјотресот

07.07.2026 16:56

Град Скопје ќе додели финансиска помош од 1,2 милиони денари за справување со последиците од разорниот земјотрес во Венецуела. Од Градот велат дека со ова се возвраќа на солидарноста што Венецуела ја покажала кон Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година.

Град Скопје соопшти дека ќе издвои 1.200.000 денари финансиска помош за поддршка на Венецуела во справувањето со последиците од неодамнешниот земјотрес.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски посочува дека одлуката е израз на солидарност и благодарност кон пријателскиот народ на Венецуела, кој бил меѓу првите што му помогнале на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година.

„Скопје многу добро знае што значи болка по разорен земјотрес. Нашиот град никогаш нема да ја заборави поддршката што ја доби од светот, меѓу кои и од Венецуела. Денес, кога Венецуела се соочува со последиците од природната катастрофа, возвраќаме со човечност, почит и поддршка“, наведуваат од Град Скопје.

Воедно, Градот изрази сочувство до семејствата на загинатите и им посака брзо закрепнување на повредените, нагласувајќи дека Скопје останува симбол на светската солидарност.