Собрание

Преговорите за измените на Изборниот законик во ќор-сокак

07.07.2026 16:21

Во Собранието нова средба на парламентарните партии за измените на Изборниот законик. Камен на сопнување гласањето на дијаспората...

Преговорите за измените на Изборниот законик во ќор-сокак. Пропадна уште еден обид за договор помеѓу парламентарните партии. ВМРО-ДПМНЕ која иницираше нова средба, со отворена понуда до опозицијата-ќе прифатат се, доколку на дијаспората и се овозможи да гласа по пошта на наредните претседателски избори. Социјалдемократите велат дека целта не е политички дијалог, туку како што велат изборен грабеж и манипулација со гласовите на дијаспората. Левица начелно го прифати новиот модел, но се сомневаат дека нема договор за една изборна единица.

ДУИ и албанската лига со свои услови. Партијата на Села најавува нова блокада на измените со над 300 амандмани. Велат дека немаат против гласањето на дијаспората, но тоа да важи и за локални избори, а не се согласуваат со една изборна единица. Интегративците велат дека ставиле потпис на тоа што е договорено и бараат да се испочитува политичкиот и етничкиот консензус. Од ВРЕДИ согласни со коалициските партнери.

На измените на Изборниот законик, што е дел од Реформската агенда, опозицијата поднесе над 13 илјади амандмани.

 

Викторија Милевска