Земјоделство

Почна жетвата на пченицата, откуп нема

07.07.2026 19:48

Почнува жетвата на лебното зрно во пелагониско. Родот е квалитетен велат земјоделците, но тие се загрижени, зашто никој не откупува, ниту дава реална цена. Бараат разговори во надлежното министерство.

Жетвата почна, земјоделците загрижени. Никој, велат, не сака да го откупува родот, цената е неизвесна, а не доаѓа предвид ниту да е 10 денари. Нема ниту каде да се складира ожнеаното.

Од Асоцијацијата на фармери велат-при квалитетен домашен род, се увезува пченица, земјоделците не се заштитени. Бараат разговори со надлежното министерство.

При дозволен увоз и неоткупен род кој се жнее, земјоделците стравуваат за производството.

Елизабета Митреска