ФЗОМ

Нови лекови на позитивната листа – антикоагулансите достапни за пациентите

07.07.2026 18:58

Позитивната листа проширена со три нови антикоагуланти лекови. Директорот на ФЗО, кој е предложен и за нов министер за здравство, Сашо Клековски, вели дека ова значи помал финансиски товар и за пациентите, но и за самиот фонд.

Аникоагулансите по една година чекање ставени на позитивната листа на лекови. Еноксапарин ќе биде бесплатен, Надропарин ќе зема со доплата од 160 до 240 денари во зависност од дозата на лекот. Ривароксабан прв пат е ставен на позитивна листа до Нова година ќе биде со доплата, од 100 до 500 денари во зависност од дозата, од 1 јануари ќе биде бесплатен.

Терапијата ќе мора да биде препишана од специјалист.

Кога ќе биде достапна терапијата за пациентите со ХОББ ќе се знае до петок, директорот на ФЗОМ вели разговараат со двата производители. А кога ќе биде достапна терапија за акутни и тешки алергиски реакции, прашуваат матичните лекари.

Пациентите што страдаат од алергии терапијата ја носат од соседството, но транспортот е несоодветен, вели докторката Станоевска и додава дека мака имаат и со антишок терапија, недостиг има и од ампули адреналин и атрофин, тие не се ставаат често, но мора да има во секоја ординација.

Наташа Јанчиќ - Менковски