Белград

Милошоски на Конференција на претседатели на парламенти на државите-кандидати за членство во ЕУ

07.07.2026 19:13

На Конференцијата беа разменети искуства на поединечните земји на нивниот европски пат, како можност за заедничко и синхронизирано дејствување на патот кон членство.

Темата на дијалогот на белградската конференција, како заедничка иницијатива на Српското собрание и Врховната рада на Украина е „Европската интеграција во нови геополитички околности: улогата на парламентите на земјите-кандидатки во зајакнувањето на европската соработка и унапредувањето на процесот на пристапување кон Европската Унија“.

На Конференцијата учествуваат највисоките парламентарни функционери на земјите-кандидати. На Конференцијата беа разменети искуства на поединечните земји на нивниот европски пат, како можност за заедничко и синхронизирано дејствување на патот кон членство.

Претседателот Александар Вучиќ побара соработка меѓу кандидатите за членство во ЕУ, и истовремено изрази и сомнеж за брзо членство на која било од кандидатите за влез во ЕУ.

Оливер Бранковиќ, дописник од Белград за МРТ