Економија

Инфлацијата падна за 0,5% во јуни, трошоците на живот пониски од мај

07.07.2026 18:28

Инфлацијата падна за 0,5% во јуни, трошоците на живот пониски од мај. На годишно ниво, инфлацијата изнесува 3,4%...

Во јуни пад на инфлацијата за 0,5%, измери Државниот завод за статистика. Најголемо месечно намалување на трошоците на животот е забележано кај транспортот за 1,6 насто, како и кај храна и безалкохолни пијалаци за 1,1 насто. На годишно ниво, инфлацијата изнесува 3,4%.

Наспроти добрата вест за благ пад на инфлацијата, од друга страна, дел од производите и услугите забележале раст, но не во сите сектори.

Кај рекреацијата, спортот и културата има зголемување од 1,4 насто. Раст има и кај трошоците за покуќнина, одржување на домаќинствата, кај рестораните и хотелите е забележан раст од 0,3, a кај здравствената заштита е 0,2 насто.

Во мајските макроекономски проекции, Народна банка ја проектираше инфлацијата за 2026 со 4 проценти, со очекување постепено смирување во наредниот период.

 

Борис Грујоски