Марта Кос утре доаѓа во Скопје
Еврокомесарката за проширување Марта Кос утре доаѓа во посета на Скопје. Во Владата ќе разговара со премиерот Христијан Мицкоски. Во фокусот на разговорите, евроинтеграциите и реформската агенда.

Еврокомесарката за проширување Марта Кос утре доаѓа во посета на Скопје. Во Владата ќе разговара со премиерот Христијан Мицкоски.
Во фокусот на разговорите, евроинтеграциите и реформската агенда. Секако, се најавува на маса да биде и предлогот на Франција и Германија за одложено членство на земјите-кандидатки во Европската унија.
Брисел инсистира на уставни измени за да се продолжи пристапниот процес за Македонија.
Посетата на Кос е еден месец по средбата на премиерот Мицкоски со првиот човек на Европскиот совет Антонио Кошта, кој порача дека проширувањето е најдобрата геополитичка инвестиција во регионот и треба да се движи побрзо на сите фронтови и со сите земји-кандидатки за членство во унијата.
Од 1-ви јули претседавањето со унијата го презеде Ирска, која во програмата за следните шест месеци наведува дека е амбициозна за ново проширување и има цел да го подготви теренот на унијата за нови членки.
