Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди

08.07.2026 08:07

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.

Утринските температури ќе се движат од 9 до 20 степени, додека дневните ќе достигнат од 29 до 36 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.