процес
Судење за серискиот убиец од Старо Нагоричане
08.07.2026 09:00
25-годишниот Т. Б. Од село Малотино е обвинет за 4 убиства и два обида за убиство на жени...

Серискиот убиец од Старо Нагоричане седнува на обвинителна клупа. 25-годишниот Т. Б. Од село Малотино е обвинет за 4 убиства и два обида за убиство на жени. Обвинителството наведува дека, имајќи во предвид дека со умисла лишил од живот повеќе лица, за делата е предвидена казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор. Истрагата утврдила дека делата биле извршувани од ниски побуди.
Од јануари 2025-та до февруари годинава, обвинетиот наводно извршил повеќе напади врз жени, претежно повозрасни, и немоќни лица кои живееле сами.
