Уставен суд

Уставниот суд ќе расправа за одредбите за политичко рекламирање

08.07.2026 09:22

Седница на Уставниот суд ќе се дискутира по иницијативите на „Левица“ и „Демократи“, со кои се оспорени одредбите на Изборниот законик за платеното политичко рекламирање...

На седница на Уставниот суд ќе се дискутира по иницијативите на „Левица“ и „Демократи“, со кои се оспорени одредбите на Изборниот законик за платеното политичко рекламирање.

Според „Левица“, Изборниот законик треба да обезбеди уставна рамнотежа преку еднаков третман на сите политички субјекти, преку еднаков пристап, бидејќи медиумскиот простор директно влијае на видливоста на учесниците во изборната кампања.

Според партијата, четирите најголеми партии, две од власта и две од опозицијата добиваат привилегиран пристап до медиумите и државните средства. Од партија „Демократи“ наведуваат дека оспорените одредби го нарушуваат политичкиот плурализам и слободните избори како темелни вредности на Уставот.