Собрание

Седница на Комисијата за финансирање и буџет

08.07.2026 08:38

Во текот на вчерашната седница беа разгледани повеќе амандмани со кои се предлагаа дополнителни средства за Министерството за односи со заедниците, повисоки плати за вработените во Министерството за одбрана и Армијата, како и зголемени блок-дотации за општините за поддршка на противпожарните единици...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе го продолжи вториот ден од амандманската расправа по Предлог-ребалансот на Буџетот. Во текот на вчерашната седница беа разгледани повеќе амандмани со кои се предлагаа дополнителни средства за Министерството за односи со заедниците, повисоки плати за вработените во Министерството за одбрана и Армијата, како и зголемени блок-дотации за општините за поддршка на противпожарните единици.

Дел од предлозите се однесуваа и на обезбедување средства за изградба на објекти на Армијата. Пред членовите на Комисијата се вкупно 224 амандмани: 87 од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и осум од ВРЕДИ.

Согласно собранискиот Деловник, расправата може да трае најмногу десет работни дена, по што предлог-ребалансот ќе се најде на пленарна седница.