Извршниот одбор на СДСМ ќе расправа за состојбите во партијата
Вечер треба да се одржи седница на извршниот одбор на СДСМ, на која не е исклучено да се разговара и за состојбата во партијата, по трибината „Дванаесет и пет“...

Според најавите, вечер треба да се одржи седница на извршниот одбор на СДСМ, на која не е исклучено да се разговара и за состојбата во партијата, по трибината „Дванаесет и пет“, на која учествуваа активни пратеници и членови на СДСМ.
Актуелното раководство ги прозва дека одработуваат за Христијан Мицкоски. Дел од нив пак возвратија дека токму Филипче и неговото раководство играат за власта. Се најавува исклучување на пратеничката Славјанка Петровска, по примерот со Шилегов и Деспотовски, кое не се реализираше.
Филипче јавно тврди дека тоа нема да се случи, но ќе бара отчет. Моето учество во разговорите за Македонија не е против СДСМ, туку за СДСМ, напиша на Фејсбук, Петровска. И на партискиот конгрес потенцираше дека СДСМ мора да се менува, инаку ќе исчезне.
