Закуп на државно земјиште во пет општини
Во 5 општини земјоделците можат да конкурираат за 1.400 хектари државно земјиште. Понудени се најмногу површини во Куманово и во Радовиш, а закупот е од 15 до 50 години...

Право на учество на огласот имаат домашни физички и правни и странски правни лица. Услов е земјоделството да им е основна дејност, да се регистрирани или да се трговец поединец.
За маслинарници, земјиштето се издава до 50 години, а за лозја, овоштарници и оранжерии до 30 години.
Максималната површина за аплицирање е до 10 хектари.
Критериумите за избор се оддалеченоста на местото на живеење од земјиштето, понудената закупнина и планираното производство.
Почетната цена е 25 евра за земјиште од 1 до 4 катастарска класа и 15 од 5 до 8.
Во планинските подрачја, за 1 до 4 класа почетната цена изнесува 15, а за 5 до 8 класа 5 евра.
Понудите се доставуваат 20 дена од објавувањето, односно од 16-ти септември, а отварањето ќе биде јавно на 8-ми октомври.
Методија Трајков
