Почнува Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“
Во рамките на програмата на фестивалот ќе се одржат проекции на два филма во чест на Тони Наумовски, годинашниот лауреат на единствената награда за високо актерско достигнување во уметноста на филмот „Мето Јовановски“, како и проекција на „Павилјон“ во чест на Мето Јовановски.
„Држи се за мене“ на Мирсини Аристиду од Кипар ќе го отвори годинашното петто издание на Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“, што ќе се одржува од денеска до 15 јули во Дојран, Струмица и во Гевгелија. Во рамките на програмата на фестивалот ќе се одржат проекции на два филма во чест на Тони Наумовски, годинашниот лауреат на единствената награда за високо актерско достигнување во уметноста на филмот „Мето Јовановски“, како и проекција на „Павилјон“ во чест на Мето Јовановски.
Тони Наумовски е роден во Сиднеј, Австралија. Студирал во Софија, во Сиднеј и на престижната школа на Ли Стразберг во Њујорк, каде што дваесет години живее и работи. Наумовски несомнено е најуспешниот македонски актер на светско ниво. Тој игра во театар, на телевизија и на филм во Америка и надвор, а во последната година со насловната улога од македонскиот филм „Лена и Владимир'' има добиено 14 награди за актерско достигнување и неколку номинации на над 80 фестивали во Америка и светот.
Како што истакна директорот на фестивалот, Јани Бојаџи, на прес-конференцијата во пресрте на фестивалот, идејата на ова признание не е да се додели награда за животно дело, туку награда за творештво вреднувувајќи го импресивниот пат на Наумовски, кој преку Сиднеј и Софија стигна до престижниот институт „Ли Стразберг“ во Њујорк градејќи кариера во силна меѓународна конкуренција. Доказ за неговиот успех, додаде тој, се и минатогодишните 14 награди за актерско достигнување и десетиците номинации на над 80 фестивали во светот.
Тој нагласи дека, меѓу другото, првата и стотата причина Тони Наумовски да биде годинешен лауреат е фактот што со македонски филм минатата година е награден 14 пати за актерско достигнување, а добил и други номинации и сето тоа на повеќе од 80 фестивали во светот.
