Тенис
Новак Ѓоковиќ по маратонски меч се пласира во полуфиналето на Вимблдон
08.07.2026 09:36
Ѓоковиќ по повеќе од пет часа игра и драматичен меч го совлада Феликс Оже-Алиасиме со 3:2 во сетови и избори полуфинале на Вимблдон. Во борбата за финалето ќе се соочи со бранителот на титулата Јаник Синер.
Седумкратниот шампион на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ, се пласира во полуфиналето на турнирот, откако во најдолгото четвртфинале, кое траеше пет часа и 14 минути, го победи Феликс Оже-Алиасиме со 3:2 во сетови.
Со овој триумф, Ѓоковиќ постави рекорд по бројот на одиграни мечеви во решавачки, петти сет на Гренд слем турнирите.
Во полуфиналето, кое се игра в петок, ќе се сретне со бранителот на титулата, Јаник Синер.
