СП 2026

Познати четвртфиналните двојки на Светското првенство

08.07.2026 09:41

Со победите на Аргентина над Египет и Швајцарија над Колумбија по пенали, комплетирано е осминафиналето на Светското првенство. Во четвртфиналето ќе настапат шест европски селекции, како и по една од Африка и Јужна Америка.

Комплетирано е осминафиналето на Светското првенство, откако Аргентина ја совлада репрезентацијата на Египет со 3:2, а Швајцарија по изведување пенали беше подобра од Колумбија со 4:3, по нерешените 0:0 во регуларниот дел.

Познати се и сите четвртфинални двојки. За пласман меѓу четирите најдобри ќе се сретнат Франција – Мароко, Шпанија – Белгија, Норвешка – Англија и Аргентина – Швајцарија.

По денешната пауза, четвртфиналните пресметки започнуваат в четврток со дуелот меѓу Франција и Мароко, по што ќе следуваат останатите три натпревари. До крајот на шампионатот остануваат уште осум средби – четири четвртфиналиња, две полуфиналиња, натпреварот за третото место и големото финале.

 

Фото: ФИФА